Остварив средба со мојот колега, премиерот на Полска, Доналд Туск.
Разговаравме за прашања поврзани со ЕУ, можноста да се одблокираат преговорите со Унијата, како и нашите позиции во однос на таквите напори. Разменивме мислења и за предизвиците со кои се соочува ЕУ, прашањето со Украина, како и искористувањето на можностите за продлабочена соработка меѓу двете пријателски држави, објави Мицкоски на својот ФБ профил.
МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ТУСК: Разговаравме за преговорите, за Украина, како и за продлабочена соработка меѓу двете држави
