Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Брисел оствари средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Пријателска средба во Брисел со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Разговаравме за нашите приоритети и иднината на Македонија. Со јасен план и чекори до целта, пишува Мицкоски во својата објава на Фејсбук.