Јас сум тука за вас и кога не е изборна кампања, кога промовираме проект, кога се случува надалеку познатитот „Вевчански карневал“, сакам да знаете дека секогаш сум бил и ќе бидам достапен за ова историско и храбро место, ова го порача од Вевчани претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Овде живее честит и гостопримлив народ, кој знае како се сака и чува Македонија, а вие покажавте како се бори и чува една општина дури и тогаш кога сакаа да ја укинат. Дури и тогаш кога оние кои денес се претставуваат за опозиција, а имаа можност да владеат и не направија ништо. Овие избори се повеќе би рекол од едноставна одлука на самиот ден на изборите. Ова се избори за тоа како тоа како сакате да продолжи да се развива општината, затоа што во Вевчани не е само културата, важен е и духот кој го носите во себе, тука се и маалата, улиците, природата, зелените површини. Но овие избори одлучуваме за микро светот во кој пораснавме, во кој се гради карактерот на секој еден од нас, истакна Мицкоски.
Секој еден од нас носи една тивка мапа во срцето, мапа од улици, агли, дворови кои што не изградија и ни ја дадоа силата да бидеме тоа што сме, додаде Мицкоски.
На Вевчани му треба домаќинско работење, Спасе Кочовски во изминатите четири години покажа како во едни тешки услови како се работи чесно, одговорно и посветено, потенцираше Мицкоски.