ВМРО ДПМНЕ ќе ги бојкотира изборите ако не се набават законски предвидените апарати за отпечаток од прст, најави првиот човек на партијата Мицкоски на брифинг со новинарите. Ако апаратите не се набават тоа според Мицкоски е сигурна алатка на власта за изборни нерегуларности и нов фалсификат, како што се случил на референдумот и изборите потоа.

Во законските измени минатиот февруари беше донесена одлука дека на наредните избори фингер принт апарати мора да има.

Од државната изборна комисија побараа околу 5000 апарати за да има по еден во секое избирачко место, а во поголемите по два. Биле дури и во посета на Ерменија за да го видат искуството кое се покажало позитивно. Од ДИК побарале средства од министерството за финансии од каде се правдале дека во тој момент не можеле да обезбедат пари заради пандемијата иако во законот стои дека апарати за наредните избори мора да има. По неколку месеци од финансии обезбедија пари сега останува уште да се набават апаратите.

ТВ Алфа вели дека извори од ДИК за ТВ тврдат дека намерно се одолговлекува постапката за набавка. Колку за споредба Албанија успеала да го реализира целиот процес за три месеци, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ кои тврдат дека има време да се набават апарати и целата операција со се обуки за избирачките обори би чинела не повеќе од 1,5 милиони евра. Пари кои, на пример се далеку помали отколку оние потрошени за т.н. национална платформа за онлајн учење која никогаш не профункционира. Дали власта свесно бега од законската обврска за набавка на апарати за отпечатоци од прсти и зошто, се очекува да објасни.