Денеска сме овде во Гостивар да одбележиме еден навистина голем христијански православен празник. Ја користам оваа прилика на православните христијани да им го честитам празникот и да им посакам се разбира здравје, среќа, успех ним и на нормално сите наши сограѓани. Ова е посебен ден, тука сум да пренесам порака дека се ближи крајот на ова наше тешко мачно секојдневие, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Доаѓа денот кога навистина очекуваат и граѓаните, очекуваме и ние големи промени коишто ќе се случат после овие локални избори. Мојата порака е да не губиме надеж, да не се обесхрабруваме бидејќи најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните на Македонија допрва доаѓаат, вели Мицкоски.