Ништо не работеа, најважно им беше да стигне куферчето „Луј Витон“ во еден елитен ресторан во јужна Македонија – кај бате, рече на вечерашната средба со граѓаните лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Куферчето „Луј Витон“ е синоним во случајот „Рекет“ во кој беа рекетирани неколкумина бизнисмени, но и политичари. Во овој случај казна затвор добија Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13, седум односно девет години.
На завршното рочиште, Бојан Јовановски изјави дека парите од рекетот – во куферчето „Луј Витон“ – завршиле кај Зоран и Вице Заеви.