Уставните измени веќе патуваат кон Собрание а на Димитар Ковачевски сега му текна да повика на лидерска средба. Овој потег на премиерот за Мицкоски е некоректен и задоцнет бидејќи уставните измени веќе се стокмени по бугарски терк. Мицкоски потврди дека ќе оди на лидерската на која денеска од Братислава уште еднаш го повика Премиерот Ковачевски но за да му каже дека У‘Ставни измени нема да има и да се разговара за што потоа .
Не е коректно што уставните измени патуваат кон Собранието, стокмени напишани, по бугарски терк, а премиерот бара лидерска средба. Тоа значи дека не е искрена ниту неговата желба да се состанеме и да направиме вистински договор за иднината на оваа наша Македонија. Треба да дискутираме за нешто што веќе е напишано. Тие уставни измени лошо ќе завршат затоа што нема да добијат поддршка, но никој од власта не говори за времето што потоа. Јас ќе ви кажам, нема и не смее да има губење на време. Јасно ќе биде дека непоминувањето на уставните измени ќе биде дефинитивниот крај на оваа Влада , рече Мицкоски
Додека Ковачевски е реален оптимист дека ќе се случат уставните измени , Мицкоски му порача дека нема да има такво нешто и тоа ќе значи оставка на Владата.Тој повика на масовност на следните парламентарни и претседателски избори и најави нов блок од партиски субјекти и групации кој ќе се обедини за интересите на Македонија и ќе се избори да се расчисти криминалот направен во минатото. Тој од Кавадарци ги повика сите кои сакаат да се изборат против ДУИ и СДСМ да им се приклучат.
Време е на сцена да застане еден блок кој ќе се обедини околу иднината на сите луѓе затоа што Македонија е за сите луѓе. Потребно е да се позанимаваме со реалните проблеми на луѓето каде седи изворот на она што ја тишти и силно потиснува оваа нација. Најавувам блок кој ќе се соедини околу најважните интереси на Македонија, каде ќе се обединиме многу субјекти од сите партии и групации кои се вистински заинтересирани Македонија да е на сите и да одиме напред, додаде Мицкоски
Она што е клучно е дека сите треба да се држат за заедничкиот патриотизам, заокружи Мицкоски на трибината која се одржа во Кавадарци на тема Политики за развој на енергетскиот сектор.