Како човек што ќе ја предводи владата сум обврзан да ги почитувам законите и ќе немам никогаш дилема се додека ваквиот Устав и закони се на сила да ги почитувам, а Преспанскиот договор е дел од ова и тука нема дилема и секој кој е дел од институциите мора да ги почитува.

И додека ја обавувам оваа функција претседател на Владата ќе ги почитувам законите до последна точка и запирка.Но исто очекувам и добрососедски односи на конструктивна основа кој доликуваат на 21 век. Мое човеково право е право кое е над сите права. И луѓето кои ме знаат знаат дека лесно не се изненадувам но можеби е добро да ги аргументираме позициите пред тој форум.“, вели Мицкоски за обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа. 

-Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, а позади завесата да ве ограбувам вас и да се однесуваме како деспот како монарх. Членот 7 од договорот став 2 и 3 се јасни што значи кога едната и другата страна го користат терминот македонски и Македонија, членот 1 од истиот договор. Ајде да видиме што тие направија во изминативе 6 години во однос на договорот, а не да биде во фокус моето човеково право да го користам терминот Македонија, на земјата  во која сум се родил, а да видиме што тие, а што ние направивме. Кога се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше срамното име, кога го менувавме уставот па се ставаа пратеници во притвор па се вадеа ден пред гласањето за новото име. Јас сум подгвотвен да зборувам со секого. Мојата единствена амбиција е да направам нешто за мојата татковина и за граѓаните“,  порача Христијан Мицкоски.