Христијан МИЦКОСКИ
Поминаа десетина часа од последната изјава на Захариева. Никаков одговор од официјалните власти од Македонија, дел од медиумите дури пренесоа дека за да одиме напред треба да ја признаеме “историската вистина”. А историската вистина според источниот сосед била дека имаме бугарски корени.
-Не е тоа вистина, туку политика. Проблемот е Заев кој не прави ништо да ја застапи нашата вистина, а таа непоколебливо говори дека Делчев е Македонец, македонскиот индентитет е наша посебност врз која имаме исконско право и европска иднина која ни ја должат.
Дали би прифатиле нешто поинаку? Сега кажувам и нека остане за во иднина запишано… НИКОГАШ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.