Унгарскиот премиер Виктор Орбан попладнево пристигна во Охрид каде утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
Орбан, како што информираат владини извори, е пристигнат со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри.
По пристигнувањето на Орбан, македонскиот премиер Мицкоски истакна дека очекува плодни разговори и заеднички иницијативи.
-Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, потенцираше во објавата Мицкоски.
Сега Мицкоски објави видео со порака дека Унгарија е голем пријател на Македонија.