Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Берово.
Мицкоски пред присутните потенцираше дека после изминати илјадници километри низ државата и разговори со илјадници наши сограѓани, заклучокот е дека на овие избори победува професорката Гордана Сиљановска Давкова затоа што граѓаните сакаат промени и конечно овие политички измамници на власт да ги пратат на темната страна на политичката историја.
-Граѓаните на Република Македонија без разлика на нивната етничка припадност сите споделуваат иста мака, сите денеска ги критикуваат лагите, неисполнетите ветувања, нереалзиираните очекувања кои Зоран Заев и СДСМ на претходните избори и ги испорачаа. Ветуваа живот дека ќе донесат донесоа пекол, затоа ни е потребна голема победа. Да го поразиме деспотот заедно со неговиот деспотски избран кандидат, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека не може во Европа да не однесе политички измамник кој лаже дека го зајакнал идентитетот, а пред зградата на владата се срамеше да слушне дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“, човек кој се срами да каже дека во северна Грција живеат Македонци кои пеат македонски песни и играат македонски ора.
Тој истакна дека најпрво потребна е голема поддршка затоа што треба Македонија од пепел да се изгради, од онаа пепел која овие измамници ќе ја остават, но потоа веднаш овие изманици и ќе одговараат за сиот криминал, рушење на националното достоинство и гордост, но и за сите неправди кои ги нанесоа на граѓаните на Република Македонија.
-Овие политички измамници кога беа во опозиција ветуваа загарантиран откуп, повисоки субвенции и поддршка за земјоделците, а денеска во Ресен луѓето ги сечат дрвата затоа шот еден денар е еден килограм јаболка, а и за толку нема кој да ги откупи, Во Кочани амбарите се полни со ориз затоа што нема кој да го откупи, а исто беше и овде во Малешевијата и Пијанец со сливите, потенцираше Мицкоски.
Токму затоа истакна дека е потребно да се обединиме околу професорката Гордана Сиљановска Давкова и да ја дадеме нашата поддршка и на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај, затоа што таа има јасна визија како да го врати владеењето на правото и правната држава, а победата на претседателските избори ќе ја отвори вратата за предвремени парламентарни избори кога овие измамници на власт ќе станат минато, и ќе изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Македонија.