„Најпрвин голем поздрав до нашите гледачи, до Македонија, до македонските граѓани од овде од Загреб. Денеска е втор ден од мојата прва билатерална посета, прва билатерална посета веднаш овде во Загреб. Можам да кажам дека пречекот од страна на домаќините беше исклучително на високо ниво, повеќе од пријателски би рекол и двете држави имаат исклучително добри, пријателски, би рекол братски односи.
Во периодот којшто следи истите и ќе ги надградуваме уште повеќе и уште повеќе, мислам дека има простор да се надградуваат, посебно во делот на трговската размена којашто е сега некаде над 300 милиони долари годишно, ценам дека може да биде барем најмалку двапати поголема.
Тоа го кажав и на прес конференцијата зошто македонските и хрватските компании заеднички да не настапуваат на трети пазари и тоа е мислам добра можност и на тој начин ќе имаме уште поголемо поврзување помеѓу двете држави.
Исклучително ја ценам поддршката којашто Хрватска, хрватската Влада, но и претседателот на Хрватска ја даваат на Македонија и македонските граѓани и силно ја поздравувам онаа порака којашто двајцата државници и Андреј Пленковиќ и претседателот Милановиќ упатија, а тоа е дека македонските граѓани направија премногу, како ниту едни граѓани во Европа, во името на реализирање на нашата втора стратешка цел а тоа е полноправно членство во рамките на ЕУ дека на тој пат досега направивме премногу отстапки и дека сега е конечно време сето тоа да се забрза сето тоа да се динамизира за да можеме да не бидеме жртви на непринципиелни барања и препреки, коишто изминативе скоро две и пол децении откако беше потпишан оној Договор за стабилизација и асоцијација ни се случуваа.
Кога еднаш исклучокот станува пракса тогаш тоа е проблем и за самата ЕУ. Јас очекувам да сите наши пријатели во рамките на ЕУ конечно разговараат со сите оние коишто поставуваат непринципиелни препреки да можеме да го отпочнеме процесот на преговори, тогаш веќе зависи од нас и нашите капацитети, колку сме ние подготвени за да одговориме позитивно на тие предизвици и да го забрзаме или забавивме тој преговарачки процес до полноправно членство во рамките на ЕУ.
Се на се да сумирам, исклучително пријателска посета, благодарност до домаќините, до мојот драг пријател, примерот на Хрватска Андреј Пленковиќ на исклучително високото гостопримство од претседателот на хрватскиот Сабор, од хрватскиот претседател и навистина вчера и денеска овде во Загреб се чувствуваме како дома.“