За проекциите за економскиот раст и со Министерството за финансии сме на истиот став, на она кое е предвидено. Работиме силно на таа тема и добри се резултатите во рамки на Адриа регионот, конечно после години стагнација и цврсто заковани на дното сега сме први, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по денешниот состанок во УЈП.
-За многу кратко време се консолидираат работите. Зад нас се Хрватска со 2,9, БиХ, Црна Гора, па се до Словенија која има минусно салдо од 0,7 проценти. Се надевам дека и во вториот квартал така ќе продолжи, барем според првите индикатори од април и делумно од мај се во таа насока. Тоа би претставувало еден добар тренд и тоа значи дека конечно се консолидираме, вели Мицкоски.