Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Само интервју“ посочи дека Заев во 2016-тата година има ветено дека се ќе признае, само Бугарите да му дадат поддршка и да биде премиер.
„Да ви ја кажам вистината, јас сум разговарал лично на оние состаноци со Европската народна партија со бугарски политичари кои што се дел од таа европска партија и тие мене ми го имаат цитирано дека ова што денеска го бараат е практично ветување од Зоран Заев уште од 2016-тата година пред тие избори. Уште тогаш е ветување дека да направам Влада, вие поддржете ме, не се секирајте се ќе решиме. Еве ви го кажувам, и тие луѓе сега си го бараат ветеното, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека историчарите се едниот фронт кај што се води битката, тука ја ВМРО-ДПМНЕ ја дава поддршката бидејќи тоа се луѓе од фелата.
„Но ние зборуваме за политичките егзибиции, и политичкиот инженеринг кој што го прави Зоран Заев цело време. Денеска со братко тој и тој, а утре подгответе ја нацијата. Не може така да се однесувате. Тоа не е зрело однесување. Најпрвин ги загрозивте сите шанси Македонија да ја има европската перспектива, а потоа велите вака ќе биде или така ќе биде, не може. Така не се однесува зрел политичар“, нагласи Мицкоски.