Оваа наша борба мора да биде заедничка, ова не е борба само на Македонците, или само на Албанците, ова е борба на народот против корумпираната власт. Против бандитите кои направија пакт со политичарите од власта. Токму затоа ова е битка на народот против бандитизмот. За народот, на власта и текнува пред избори, и нивните гласови смета дека ги има во џеб исто како и гласовите на дел од Македонците, и така смета дека ги има гласовте и на сите останати, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево.

Кога ќе се завртите и ќе погледате, рече тој, ќе видите дека буквално никој во Македонија не им верува.

„Тие мислат дека не им треба ниту програма, ниту план, туку едноставно ќе излезат на избори ќе се заканат, ќе уценат, ќе ги злоупотребат инстутициите, тука најмногиу полицијата која е директно под чизмата на гласвниот слуга на Заев тоа е Оливер Спсасовски, ќе поделат малку од украденото и работата е завршена“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека овој пат нема да биде така.

Мицкоски нагласи дека најдобриот начин да се спротивставиме на сето ова е да има масовна излезност и дека доколку тоа се случи, власта е немоќна.

-Тие не може да купат толку гласови колку што народот може да излезе и да им ја запечати судбината зад параванот. Не наседнувајте ниту на оние странични пораки кои ги пуштаат преку нивните платени мегафони дека сите сме исти, кога не сме. Таа теза е измислена само за да на Власта и се продолжи рокот на траење уште некој месец, и на тој начин да продолжи да ја опустошува нашата земја. Не сме сите исти, затоа што ние веруваме во слободно мислечкиот народ, и ја слушаме и гледаме маката на луѓето, на работниците, невработените, на тутунарите, на земјоделците. Таа мака покажува колку е нечовечка оваа власт и ги руши сите надежи дека научеле некаква лекција по 52 месеци во кожно фотелји на власт, рече Мицкоски.

„Но, овој пат на 17 така нема да биде, народот гласно ќе зборува и ќе заокружи број 7 и потоа следи ново мнозинство и потоа јас ви ветувам одговорност за се што се случуваше“, кажа Мицкоски.