Премиерот на Владата Христијан Мицккоски, денеска заедно со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа, и Горан Марковиќ, главниот извршен директор на Македонски Телеком, потпишаа Меморандум за разбирање на Владата со Македонски Телеком, со што се потврдува заедничката цел на двата најголеми акционери во компанијата за дигитална трансформација и просперитет на земјата.
Денешниот Меморандум за разбирање е потврда на нашата определба за дигитална иднина, за општество во кое технологијата служи на граѓаните, институциите и бизнисот. Со оваа соработка со телекомуникациските оператори, поставуваме силна основа за унапредување на дигиталната инфраструктура, поголема поврзаност и поприсутни, поквалитетни услуги за сите, истакна Мицкоски.
Владата останува посветена на целосна дигитализација на јавните услуги, воведување на паметни системи и градење на современа, ефикасна и транспарентна држава. Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја – со силна економија, модерна администрација и граѓани кои лесно, брзо и без бариери доаѓаат до услугите што им припаѓаат, додадва во објава премиерот Мицкоски.