Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Кицкоски, кој беше во посета на производствен погон од машинската индустрија во општина Гази Бабаистакна дека повторно добил жалбид за тешката економска состојба во која што се наоѓа државата и тешките услови за водење бизнис во Македонија.
Мицкоски посочи дека падот на БДП е поголем дури и од 2001 година.
Она што би сакал да го истакнам, што, би рекол е многу значајно, а тоа е падот на бруто инвестициите коишто во Македонија во третиот квартал се некаде околу 8.8% помали споредено со истиот квартал минатата година т.е. третиот квартал 2020 година споредено со третиот квартал 2019 година. Тоа претставува рекорден пад бидејќи во минатото рекордот беше во периодот на кризата односно 2001 година кога од прилика околу 6% е падот на бруто инвестициите. Што значи дека не се инвестира, луѓето немаат средства да вложуваат во обнова на производствениот парк односно вложуваат во основни средства за работа, туку едноставно ги чуваат парите или воопшто такви пари нема за вложување – посочи Мицкоски.
Тој порача дека и дека луѓето кои во овие тешки услови обезбедуваат работа треба да бидат помогнати
Овие луѓе коишто обезбедуваат егзистенција и обезбедуваат личен доход се вистинските херои и вистинските патриоти, не оние луѓе коишто денес водат држава во којашто за жал цути криминалот, цути корупцијата, последни сме во регионот односно први на скалата според „Транспаренси Интернешнл“ по нивото на корупција и криминал. Понатаму според анализата на „Економист“ сме прогласени за хибриден режим и така натаму, да не ги редам, веќе на јавноста и се познати сите фаули на оваа Влада и на овие политичари – изјави Мицкоски.
Тој истакна дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се позанимава да им помогне на оние луѓе коишто вработуваат, но вистински да им помогне, да го шират својот бизнис и да обезбедуваат повеќе работни места.
Така што ја стегам раката пред овие луѓе коишто вработуваат, коишто обезбедуваат егзистенција, тоа се вистинските херои и идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се позанимава да им помогне. Им честитам и ја користам оваа прилика да се заблагодарам за се што овие стопанственици прават за Македонија – изјави Мицкоски.