Според договорот е предвидено 117 милиони евра да се платат за подготвителни работи и подготовка на градилишта, тоа се уште тече, претпоставувам, и се предвидени да се платата во два наврати. 83 милиони е предвидено да бидат исплатени две недели откако е потпишан договорот и дополнителни 30 милиони евра, 45 дена откако е потпишан договорот – истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Василево одговарајќи на новинарско прашање.
Тој потенцираше дека сумата наскоро ќе надмине 230 милиони евра, а нема ни шајка да има на коридорите.
Мицкоски посочи дека вториот дел е пеналите кои треба да се платат поради тоа што не е променет законот за работни односи во рок од 45 дена од потпишување на договорот, а тој датум заврши на 22 април.
Таа сума која треба да се плати е минимум 53 милиони евра. Тие треба да се платат во рок од две недели откако ќе изминат тие 45 дена предвидени да се смени законот за работни односи и да се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, а тој ден истекува на 6 мај. Од информации со кои располагаме има натегање помеѓу владата и фирмата изведувач околу банкарската гаранција кога ќе се договорат да бидат исплатени дополнителни 50 милиони евра по основ на авансно плаќање предвидено во тој договор. Таа бројка за недела дена ќе биде огромна, повеќе од 220—230 милиони евра, а се уште од проектот нема ни шајка некој заковано – рече Мицкоски.