Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по објавувањето на новото парламентарното мнозинство, изјави дека доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе најавената оставка тие ќе поднесат иницијатива за недоверба на Владата.
-Мнозинство кое што ќе гарантира дека оваа влада предводена од СДСМ ќе е минато. Ја очекуваме оставката на Заев која ја најави доколку тоа не се случи ќе поднесеме недоверба на Владата. Очекуваме да ја поднесе оставката, рече Мицкоски.
Додаде дека сите опции се во игра, без да соопшти одредени детали.