Ѓорче беше државник пред да постои држава, порача премиерот Христијан Мицкоски во денешниот говор по повод 104 години од смртта на Ѓорче Петров, кого го цитираше: „Нашето движење е народно, без разлика на вера и народност, а стремежот е кон автономија, кон самостојност и достоинствен живот“.

-Оваа реченица може да се најде и во нашата програмска визија. Да изградиме држава која не’ дели, туку обединува, држава на сите, држава со иднина. И токму затоа денес со гордост ги градиме темелите на промените. Тие темели не се само камен и бетон, тие се правда, надеж, институции, систем што работи за народот. Се менува секојдневието, се менува начинот на владеење. И како што рековме и пред народот и пред историјата, доаѓа времето на Македонија, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека Ѓорче Петров веруваше дека борбата не е само за територија, туку за училишта, за граѓански права, за пишување книги, за свест, за достоинство.