Станува секому јасно дека Зоран Заев бега од проблемите што ги мачат граѓаните а кој што тој и влада која што ја предводи ги создаваат. Ниту почит ниту грижа има за нив. Факт е дека има проблеми со економијата која е во рецесија.
Исто така факт е дека има проблеми со ковид здравствената криза. До вчера славеа по рестораните и оддржуваа избори, денес воведуваат рестриктивни мерки, изјави Христијан Мицкоски на денешното видео обраќање.
– Исто така факт е дека има проблеми со Бугарија, која што впрочем го докажува ветото кое го заработија.
Најпосле факт е дека Заев има проблем со владата, внатре во самата влада со коалициските партнери, но исто така и внатре во неговата партија. А најголем факт е дека владата е најголем проблем. И затоа треба токму за овие теми да разговараме на лидерска средба, затоа што одговорно е, и граѓаните очекуваат ние да најдеме решение за проблемите кои што постојат, вели тој.
– Вистински скандал е што Зоран Заев вчера кажува едно, а денес сосема друго. Вчера рече дека ќе свика лидерска средба ако тоа не го направи Пендаровски, а денес го промени мислењето. Овој човек за се и сешто менува ставови. Што ги доведува граѓаните до сериозно чувство на несигурност и ваквото однесување навистина создава проблеми. Менувањето на ставовите всушност е најголема потврда дека проблемите кои ги споменав постојат. Сосема на крај гледам нервозно, со навреди и лаги се обраќа кон мене, како што впрочем тоа го прават постојано, и додека тој тоа го прави со невистини, јас само ќе констатирам познат и вистинит факт дека Зоран Заев е амнестиран за криминал. Сосема на крај сакам да заклучам, кога изворот на сите проблеми е Зоран Заев, решението е тој да си замине, додаде тој.