МИЦКОСКИ: Помина повеќе од една година, што стана со влезот на FACEBOOK и GOOGLE?

/ 22.11.2018

Пред повеќе од една година поточно 12 септември 2017 година, премиерот Заев излезе и соопшти дека во Македонија влегуваат две инвестиции на мултинационални компании и гиганти Google и Facebook, потсети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Надеж меѓу граѓаните, радост за ИТ кадрите бидејќи можеби ќе добијат шанса да работат во едни вакви гиганти. Но, после поминати година и два месеци, нема ништо, штама од владата, и надеж дека јавноста што помалку ќе се сети на ова ветување, бидејќи помнењето создава оправдан впечаток дека оваа влада брутално лаже, но и ја открива нејзината запрепастувачка неспособност. Иако Заев вети, ги нема ниту Google, ниту Facebook. Срамна лага, гол факт за неспособноста на Владата. А нема инвестиции затоа што во Македонија има криминал. И тука се безбројните сведочења на инвеститори кои се одвратени поради корупција, сомнежите дека инвеститорите можеби ќе добијат пакет на поддршка од владата, но задолжително добиваат и пакет барања за куферчиња пари, или список, кои се одбраните домашни компании со кои мора да се соработува. Црно време. А цехот на овие црнила го плаќаат граѓаните. Најавите за инвестициите на Google и FB сведоштво за една брутална лага и измама на владата на премиерот Зоран Заев, напиша Мицкоски.

Вечерва пак, интервјуто на 1ТВ, на прашањето што ќе стори ВМРО-ДПМНЕ со почесниот претседател Никола Груевски тој истакна:

„Јавноста ќе биде сведок за тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го преземе во период кој што ќе следи. Но тоа што е многу поважно за јавноста е да добиеме одговор како ова се случи? Зашто надлежните институции во оваа држава, кои што можам да кажам барем од лично сведочење, многу прецизно знаат јас каде се движам и не гледам причина како не би знаеле каде движел Груевски. Но доколку не знаеле тогаш навистина е пропуст на тие институции. Бидејќи станува збор за лице кое што нели веќе беше на начин кој што беше, тоа сме го коментирале во минатото, осуден на затворска казна од две години, посочи Мицкоски.

Во врска со таканареченото „Кацарска судството“ Мицкоски вели дека ова што сега ни се случува е далеку од европски квалитет и европски стандарди.

Тој притоа посочува дека пред нас се реформи кои се неопходни да се направат не само во судството туку и во обвинителството но и во други сфери што се поврзани со правната држава.

-Ако ние правиме реминисценција за нешто што било во минатото,а создаваме слично такво дури и 10 пати полошо и тоа го оправдуваме, еве и под претпоставка се што било порано било лошо, ако ние исто правиме сега па дури и неколку пати полошо што сме постигнале како општество. Критикувајќи го минатото а гледаме како ни оди во сегашноста без да обезбеди вистински правец за иднината што правиме ние како политичари и како ние на овие граѓани во Република Македонија ќе и овозможиме подобра и посигурна иднина, рече Мицкоски.


Од истата категорија