Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека пописот треба да се спроведе пролетта во 2022 година.

-Нашиот став е јасен. Попис треба да има пролетта во 2022 година, во март или април. До тогаш ќе имаме фингер принт терминали кои веќе ќе бидат искористени на локалните избори. Доколку сега сакаат, имаат можност да направат електронски попис со точност од 5 отсто, односно да попишат 95 отсто од населението, а само 5 отсто да го посетат, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата Порше Македонија.

Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бил за бојкот на пописот. Потсети дека пред два дена ВМРО-ДПМНЕ почна иницијатива за собирање потписи за поднесување закон во рамки на Собранието за укинување на Законот за попис. Според него, ова ќе биде политички попис, политичка операција со „договорени проценти“, а не статистичка операција. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека иницијативата денеска е стигната во Собранието и додаде дека очекува да го информираат, како подносител на таа иницијатива.

Тој потенцира дека ставот на нивната партијата е здравјето на граѓаните пред се, апелираше на разум, „да не се загрозува здравјето на граѓаните, да има одложување на пописот или, пак, електронски попис, како и дека треба време за да обучат и попишувачите“.

Мицкоски најави дека денеска ќе посети неколку стопански објекти во атарот на општините Чаир и Бутел и побара итна поддршка за стопанството.

Како што рече, економијата оди во надолна линија, над 6.000 економски субјекти се затвориле, а повеќе од 50.000 граѓани останале на улица