Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните вечерва во 19 часот да се придружат на сенародниот митинг во Скопје.
-Луѓето како резултат на сите овие порази, национални и недостоинствени однесувања на одредени политичари, не зборувам само од сега, зборувам и во минатото, не зборувам само на националната основа, туку зборувам и на онаа останатата општествената, социјалната димензија, некако како да ја ставија во втор план љубовта, емоцијата кон татковината. Ние во новата програма посветуваме посебен столб, посебен дел којшто ќе ја поврати таа емоција кон нашата татковина да си ја сакаме како наша втора мајка. Затоа уште еднаш да не должам, би сакал на сите вас од прв до последен да ве поканам вечерва од 19 часот да ни се придружите на најголемиот сенароден митинг којшто ќе се одржи пред платото на Владата на Република Македонија, каде што ќе говори идниот претседател на републиката проф. д-р Гордана Силјановска Давкова. Да ни се придружите заедно, заедно да покажеме да покажеме колку сме, заедно да видат дека не има и дека на 21 април а потоа и на 5 мај се разбира републиката, Македонија добива жена за претседател проф. д-р Гордана Силјановска Давкова. А потоа се разбира, после големиот триумф на проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, следуваат предвремени парламентарни избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата за подобра Македонија, но и во историјата најголемата некогаш направена коалиција во Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот ќе им покаже што значи победа и што значи навистина одзивот на народот и реакцијата на народот за сите оние лаги за сите оние нереализирани ветувања, неисполнети очекувања, за сиот оној криминал, понижувања, за сето она омаловажување на сопствената држава и сопствениот нација која што за жал денеска во Република Македонија е секојдневие, рече тој.