Народот е на граница на трпението и ако Заев и Владата на СДСМ продолжат вака отсутно да се однесуваат јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе. Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај, истакна Христијан Мицкоски на протестот за уставобранителите осудени за тероризам за „27 април“.

На прашањето дека претседателот Стево Пендаровски изјави дека луѓето кој се во затвор не се виновни, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека претседателот на државата таа изјава ја менуваше во неколку наврати.

-Првично ја даде таа изјава, дека не се виновни за тоа што се судени. Тоа е и нашето барање. А тоа е да се врати процесот од почеток и да се суди за тоа што навистина погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за денеска Кацарска да стане претседател на Уставниот суд, изјави Мицкоски.