Кога немаа ниту една вакцина, велеа дека не сакале да се помисли дека прават експерименти врз народот, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Сега кога има само неколку добиени како донација од соседна Србија, велат дека внимавале да не добиеме повеќе од што ни треба.
Заев, цел свет ти се смее, црна дупка ја направи државата.
Една вакцина како премиер сам не си набавил. Да не беше помошта од Србија, ниту докторите немаше да можат да се вакцинираат.
Срамота“ – пишува тој!