Христијан МИЦКОСКИ

Владата најавуваше дека ќе работат од 1ви Ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок Осломеј, ТЕЦ Неготино во полн капацитет и хидро акумулациите со цел потенцијал.

Каква е состојбата на 1ви Декември (денес)?

Битола од вчера работи со еден блок на 75% од инсталираниот капацитет, вториот блок вчера (30ти Ноември) излезе од мрежа поради пукната цевка, па така само вчера до крајот на денот поткраднуваа вкупно 452MWh од соседните држави кои ќе не чинат за неколку часа неколку стотици илјади €, блокот 3 не работи бидејќи трансформаторот што требаше да стигне на 1ви Ноември денес 1ви Декември уште не е ни во Македонија, блокот во Осломеј не работи, ТЕЦ Неготино кој требаше да влезе на мрежа до крајот на Ноември поради дефект на генераторот не работи, а хидро потенцијалот е на 18%.

Што е тоа што работи на најјако?

Тендерите во четири очи со „херојски” авансни провизии во милиони во РЕК Битола. Увозот од десетици милиони € на струја со што авансно се полнат џебовите на власта.

Имено за само 4 дена во Декември, АД ЕСМ авансно ќе плати околу 6.000.000€ за увоз на струја. Дневно, авансно и “херојски” ќе потроши по 1.500.000€ за увоз на струја.

Криминалот и неспособноста на “хероите” во владата за само 27 дена од 7ми Ноември до 4ти Декември оваа година ги чини граѓаните точно 28.719.253€.

Нема за студентски оброк но затоа има да се полнат џебовите на “хероите” во владата со пари од народот.

Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии.