Претседателот на Владата Христијан Мицкоски рече дека резултатите на локалните избори во октомври годинава ќе покажат чија политичка реторика е исправна по изборот на кандидати за градоначалници. Ова беше негов одговор на критиките од страна на СДСМ, кои денеска на прес-конференција обвинија дека кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, работи во интерес на партијата, а не на граѓаните.
– СДСМ си има своја реторика, си има своја политичка комуникација. Јас не би ја коментирал да почекаме до 19 октомври, 20 часот ќе ги слушнат резултатите и сè ќе биде јасно, истакна Мицкоски.
Тој дополни дека добил информации од Собранието дека локалните избори ќе бидат распишани на 7/8 август, а првиот круг би требало да биде на 19 октомври 2025 година.