Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски оствари средба со вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Т. Рикер, соопштија од партијата.
-На средбата се разговараше за потенцијалот за развој на меѓусебните односи, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за државата. Соговорниците ја истакнаа важноста за развој на македонско-американското стратешко пријателство и поддршка на процесите важни за Република Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги објасни деталите и аспектите на предлог законот за организирање на обвинителството кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ и важноста за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот од секаков тип. Мицкоски на средбата ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија, се вели во партиското соопштение.
Мицкоски ја потврдил заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка соработка и развој на македонско-американските односи.