Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за митингот на 2 јуни, рекол наводно Мицкоски во новата аудио снимка која денеска беше објавена на Јутјуб на профилот со корисничко име „Рекет“. И на оваа снимка наводно се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, кој е еден од осудените лица во случајот „Рекет“.
Од снимката може да се заклучи дека Милески и Мицкоски најверојатно разговараат за начинот на кој бил платен организиран автобуски превоз за протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред две години, летото 2018 година.
„Најди си лик, не знам, имал тој некој пријател добар, нешто ваму-таму, ја ќе појдам само да не појдит Сашо, никако во партија да не влезит, тие се муабетите“, му вели Зоран Милески-Кичеец на Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му одговара на Кичеец: „Сашо никогаш не дојде во партија, скршен од мака. Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за 2 јуни кога беше нели, тоа е од Сашо донацијата“. По ова, Кичеец кратко му одговара: „Ја ќе ви кажам нешто“, по што снимката е прекината.