„Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е многу зрела, многу точна, достоинствена кампања, којашто изобилува со многу предлози, со проекти, со стратегија, со визија, ова не го зборувам субјективно и не ја исклучувам можноста дека дел од нашите граѓани нема да се сложат со мене, сигурно има и такви кои ќе кажат дека не чини и природно е тоа, но бидејќи мене ме прашувате, јас сметам дека овие атрибути се содржани во изгледот, содржината и пораките кои се дел од нашата кампања. Јас имам еден впечаток дека како никогаш до сега морам да признам, граѓаните кои доаѓаат на собирите, на митинзите и кога се држат говорите го слушаат тоа што се зборува. Тоа значи дека не се дојдени таму колку да бидат дојдени или да дадат поддршка со присуство, туку навистина сакаат да слушнат тоа што ние имаме да кажеме. Тоа за мене делува посебно во оваа кампања и мотивирачки бидејќи кога луѓето сакаат да слушнат што имате да кажете тоа е добро“ вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „Проверитас“.
Мицкоски потенцираше дека СДС и Филипче не нудат проекти и решенија за проблемите на граѓаните, туку се базираат исклучиво на црна кампања против него.
„СДСМ целосно има би рекол дифузна кампања којашто испраќа пораки каде што апсолутно немаат клучни нормално од првиот ден до ден денешен еве на крај на кампања за прв круг сме, тие единственото нешто што го прават се ad hominem напади и најчесто ниски страсти црна кампања од првиот ден навреди, странично ги пуштаат своите креатори на мислење новинари кои ги цитираат во портали кои условно важат за блиски до СДСМ, кои мене ми испратија порака дека би било штосно да ме видат распарчен и спакуван во куфер. Потоа го слушав говорот на претседателот на СДСМ, неколку говори слушав, буквално нема никаков говор за проекти, не постои такво нешто во говорите ниту еден проект. Нападот е исклучиво кон мене, ми се обраќа во прво лице еднина, во стилот демек, слушни ваму тебе никој не ти се плаши. Па нема потреба никој да ми се плаши, јас не сум страшило луѓето што ме знаат, знаат дека јас прво немам таков карактер, второ покажав овие 15-16 месеци дека ниту сум осветољубив, ниту сум злонамерен, ниту пак имам намера тоа да го правам. Имам свои лични принципи. Потоа ме портретираат како надмен, можеби, не знам исто така луѓето што ме знаат, знаат дека сум апсолутно антипод на сето тоа. И она што мене ми остана впечатливо покрај сите тие навреди е кога се обрати во прво лице еднина говорејќи дека „не го мразиме ние ВМРО, зошто си се умислил дека го мразиме ВМРО, ние тебе те презираме“. Замислете тој човек сепак е педагог, родител и професор со таков речник, недолично е сето тоа да се слуша, јас бев непријатно изненаден, бидејќи мислев дека има некаков контент, некаква содржина таа порака, разбрав дека залудно истрошено време е тие 15 минути колку што трае тоа обраќање во кои 12-13 минути директно мене ми се обраќа е залудно изгубено време. Мислев ќе ги вкрстиме аргументите и проектите, но очигледно дека нивната намера е поинаква“ изјави Мицкоски.
„Во делот кај албанската условно, опозиција кај ДУИ, тука имаме обид за јасна етничка поларизација. Во оваа кампања јасно го отцрта делот којшто е нивен интерес. Со тоа на другите им рече не не интересирате. А како го штитат тој дел што е предмет на нивен интерес, не со проекти и со испорака за тие средини, тие тоа го прават на начин на кој прават етничка поларизација и поделба на граѓаните, на наши и ваши, на добри и лоши, впрочем имаше една несреќна изјава, што за мене беше непријатно да се слушне претседателот на таа политичка партија кога себеси се исповестуваше со вид на птица а останатите ги поистоветуваше со друг тип на животни, помалку навредливо. И за мене тоа беше навистина непријатно за слушање, а тој себеси се глорифицираше во таа ситуација. Ова е реторика со која сака да магнетизира и мобилизира гласачи кои живеат во 20, 19 век но тој број на гласачи е се помал, и тие кои правеле била каква анализа пред овие локални избори, мислам дека е погрешна стратегија дури и тие гласачи ги изморија со оваа реторика“ кажа Мицкоски.
Во однос на Левица, претседателот Мицкоски нагласи дека Левица одработува најмногу за ДУИ во одредени средини.
„И конечно ја имаме третата во оваа тријада актери во опозицијата тоа е политичката партија Левица која исклучиво има задача да одработи најмногу за ДУИ во одредени средини да биде класичен прокси играч и нормално цело време да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ и со мене и со уште еден или двајца министри во владата со навреди“ истакна Мицкоски.