Милорад Додик ја злоупотреби свечената Светосавска академија со тоа што во говорот испрати анти ЕУ и анти НАТО пораки, оценува премиерот Христијан Мицкоски.

Тој се огради од ставовите на претседателот на Република Српска, кој синоќа од Скопје порача дека ЕУ е лицемерна, не останало ништо од европските вредности и Европа ја изгубила конкурентската способност, па затоа требало да се свртиме кон себе за да градиме живот во мир и сигурност.

„ Во делот на содржината на говорот којшто се однесува на анти ЕУ, анти НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се согласувам. Навистина не очекував дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање на такви пораки. Сепак, тоа беше свечена академија, а не место каде што се упатуваат ваков тип на политички пораки“, рече Христијан Мицкоски.