Остварив средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ. Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
-Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти. Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици, истакна Мицкоски.