Денеска присуствував на работен состанок на кој се презентираше инструментот е-фактура во просториите на Управата на јавни приходи. Се воведува системот за е-фактура – крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра народни пари од Буџетот, oбјави премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Им благодарам на УЈП, на директорката, на нејзиниот тим, на министерката за финансии што после долго време конечно денес после повеќе од 10 години добива почеток, а имплементација ќе почне од 1 јули.