Христијан Мицкоски во гостување на вестите во Tелевизија Алфа побара од власта да каже какви концесии презела во преговорите во Берлин далеку од очите на граѓаните и целата македонска јавност.
-Она кое што мене лично ми претставува проблем, а тоа е дека јас предупредив дека ветувањата во минатото кои што Зоран Заев ги давал кај нашиот источен сосед, бидејќи е изгубена довербата помеѓу Зоран Заев и властите кај нашиот источен сосед, на неформалната средба со министерот за надворешни работи, беше побарано од него да бидат преточени во анекс на договорот. Се сеќавате тогаш бев осуден дека ширам лажни вести. Тоа го повтори и Бујар Османи, тоа го повтори и Зоран Заев. Изгледа според последните изјави на Каракачанов дека воопшто не станува збор за лажни вести туку напротив станува збор за вистинска информација и практично тоа се темели на новите барања на новите позиции од страна на нашиот источен сосоед.
Мицкоски истакна дека се додека функционира проектот Зоран Заев граѓаните и државата ќе бележат порази поради концесиите и отстапките кои токму Зоран Заев ги ветувал.
-Да биде јасно, секој си ги заштитува своите национални и државни позиции и тука не треба ние да ја бараме вината кај нашиот источен сосоед. Јас ќе предупредам и ова важи до сите граѓани на нашата држава до сите граѓани на Македонија без исклучок дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи. Се додека фукнционира проектот Зоран Заев и ова раководство на СДСМ, се додека овој проект е дел од Владата на нашата држава ние ќе бидеме жртва на концесиите и отстапките кои што правел Зоран Заев во минатото. Сега се повлекува чекор назад и се обидува да манипулира со тие концесии. Ние никогаш нема да можеме да мрднеме чекор напред ако тие концесии кои што тој ги ветувал и ги превзел кога бил во опозиција само за да се догребе до фотелјата не ги реализира – дополни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски потенцираше дека главната вина за фијаското кое го доживува Македонија во спорот со Бугарија е токму Зоран Заев и СДСМ и дека тој мора да биде поразен за Македонија на брза трака да стигне до крајната цел, а тоа е интеграција во Европската Унија.
-Така што главната вина е проектот Зоран Заев и СДСМ и тоа треба на секој наш граѓанин да му е јасно. Се додека овој проекти функционира Македонија не може да оди напред или ќе оди мал напред по цена на целосна асимилација. Ние сме доведени до ќор-сокак. Асимилација и интеграција или пак целосна дезинтреграција. Ние имаме црно-бели опции, а тоа е така поради тоа што концесии презел Зоран Заев. Затоа под итно мора да биде поразен проектот Зоран Заев за да може да имаат на маса други соговорници други луѓе кои што немаат концесии. Само така Македонија ќе може на брза лента да стигне до крајната цел а тоа е интеграција во ЕУ – истакна Мицкоски.