Со нашиот долгогодишен партнер – Швајцарија, ја одбележуваме новата Швајцарска програма за соработка со Македонија за периодот 2025–2028.

Премиерот Мицкоски истакна дека оваа програма претставува продолжение на нашето успешно и плодотворно партнерство, засновано на заемна доверба, вредности и визија за иднината.

Со вкупен буџет од 56,1 милиони швајцарски франци, Швајцарија повторно ја потврдува својата поддршка за развојот на нашата држава, вложувајќи во три клучни области, демократија, животна средина и одржлив економски развој, објави Мицкоски.

-Во име на Владата и граѓаните, изразувам длабока благодарност до Швајцарската Конфедерација за досегашната, но и за идната поддршка. Заедно градиме стабилна, зелена и праведна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски.