Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави честитка по повод изборот за новиот папа – Неговата Светост Лав XIV.
„Изборот на Неговата Светост, Папата Лав XIV, прв понтиф со потекло од САД, претставува историски настан за Римокатоличката црква и за сите верници ширум светот. Овој избор е симбол на ново време на отвореност, духовна одважност и универзална припадност, но и продолжение на традицијата на мир, солидарност и грижа за секој човек.
Од името на Владата и во свое име, упатувам искрени честитки до сите Католици, а особено до членовите на македонската католичка заедница, кои со својата вера, култура и граѓанска посветеност придонесуваат за духовната разноликост и општественото богатство на нашата татковина.
Нека мандатот на Папата Лав XIV биде воден од мудроста на неговите претходници, од гласот на обесправените и од надежта на новите генерации. Во време на глобални предизвици, неговата порака за мир, дијалог и човечко достоинство добива уште поголемо значење“, вели Мицкоски.