Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати честитка по повод муслиманскиот празник Рамазан до сите верници од исламска вероисповед, и во негово лично како и во име на ВМРО-ДПМНЕ им го честита месецот на Рамазан.
-Рамазан за сите припадници од муслиманска верници претставува радост, љубов, мир, верност но и претставува поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите како и луѓето со добра волја. Почитувањето на верските разлики и градењето на заеднички дијалог е од значаен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на Република Македонија. Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, да ги решаваме проблемите и да изградиме успешна држава и просперитетна иднина за нас и нашите идни генерации, порача Мицкоски.
Периодот, додаде, се соочуваме со предизвикот од коронавирусот, а државата со најсериозната економска криза досега.
-Имаме разрушување на стопанството, уништени бизниси, затворени работни места. И да не заборавиме на луѓето од првата борбена линија кои неуморно се борат против вирусот и даваат напор за ова полесно да се надмине.
Посакувам работите да се подобрат, да се променат, нешто за што заедно ќе се избориме.
Затоа во овие тешки моменти потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи за да можеме да се посветиме на создавање праведна и почитувана држава Република Македонија.
Нека овие празнични мигови во денешниот ден донесат мир, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба кои ќе ве следат целиот живот, Вас и вашите семејства, порача Мицкоски.