Јас немам што да додадам на ова што претходните говорници го кажаа, само би сакал да кажам дека секогаш кога нешто ќе се сработи ново коешто ќе го подобри квалитетот на живот на граѓаните за мене претставува посебна радост, бидејќи тоа е нашата инспирација да уште повеќе работиме, уште посилно работиме и уште повеќе да испорачуваме за граѓаните бидејќи тоа го очекуваат од нас, изјави денеска во Велес, Мицкоски и додаде:

Така што уште еднаш им честитам на сите, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, директорот на ЈПДП, градоначалникот, пратениците во македонското Собрание, советниците, администрацијата во Општина Велес, на велешани, на сето ова коешто за кратко време е направено во Велес, на тоа што ќе се направи.

Дозволете ми да напоменам дека со новиот повик којшто ќе биде објавен преку Министерството за локална самоуправа отприлика нови 6 до 6.5 милиони евра ќе бидат проектите коишто ќе бидат финансирани овде во Велес.

Со нетрпение очекувам да го видам изгледот на катната гаража којашто ќе биде овде во центарот на градот бидејќи таа ќе биде навистина преубаво архитектонско дело, нешто коешто го очекуваат велешани.

Така што еве да продолжиме да се радувам на проекти на убави работи и да ги изненадуваме пријатно граѓаните, да испорачаме повеќе од тоа од што сме ветиле, рече Мицкоски.