Христијан МИЦКОСКИ
Навистина, не ја разбирам потребата на градоначалникот да ми се обраќа во второ лице еднина, лично не се сеќавам дека сме толку блиски, иако прилично добро му го знаеме неработењето и таа заразна мрзливост на скопските градоначалници да не се работи за својот град. Второ, го претпоставив одговорот, сигурно скалата имала “дополнителна опрема” што вреди повеќе од двојно од таа во Загреб.
Господине Петре Шилегов, јас како доктор по технички науки и професор на МФС не би Ви пишал позитивна оценка за овој испит (транспортни машини и уреди), затоа што или книга не сте фатиле или ептен рацете Ви се во медот. Како човек ќе Ви порачам, држете се до занаетот како адвокат, ќе Ви треба од ноември па натаму да го докажете пред друга институција ова што невешто го пишувате.
П.С. Чудно како дополнителната опрема чини отприлика колку што е делот за фирмата во која косопственик е зетот на најблискиот соработник на Петре Шилегов, секретарот на град Скопје.
П.П.С. За спомениците и останатите Ваши тврдења имавте точно 4 години, но Вие се уортачивте, тргнавте заедно на мене и ВМРО-ДПМНЕ. Неуспеавте, е сега доаѓа редот кога ќе гледате и учите како се справува со криминалците, но Вие како адвокат треба да знаете што значи презумција на невиност, ако не сте виновен, нема зошто да се грижите!