Утре 04.01.2026 година (недела) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова детска градинка во Сопиште.

Детската градинка „Сонце“, ќе овозможи згрижување и воспитание на 84 дечиња од предучилишна возраст и се наоѓа на локација која ќе одговара и на жителите од Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во неа се предвидуваат јасли за згрижување на дечиња од 0 до 2 годишна возраст, како и две хетерогени групи за дечиња од 2 до 4 годишна возраст и група за дечиња од 4 до 6 годишна возраст.

Објектот е со вкупна нето квадратура од 362 м2 поделена во три занимални, дел за манифестации, административен дел, како и помошно технички дел. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедни од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади во висина од 21.000.000,00 денари.

На настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.