Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и уредување на новиот мултифункционален центар во општина Аеродром.

Комплексот се наоѓа во близина на спортскиот центар „Марко Божиновски“ во населбата Ново Лисиче и претставува проект што треба да овозможи современ простор за спорт, култура и јавни настани.

По завршувањето на градежните работи општина Аеродром ќе добие нов и модерен мултифункционален центар.