Во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој посочи дека Ковачевски има понуда од ВМРО-ДПМНЕ да избере кој од двата предлози за него е прифатлив, па тогаш нема проблем да има лидерска средба.
„Имаат два предлога на маса, нека изберат еден од тие два, не е проблем јас сум подготвен секогаш да разговарам но нека изберат кој од тие два предлога, бидејќи Ковачевски го слушам вели се прифатил, еве повторно кажувам прашајте го и вие како медиум за тоа кој од двата предлога го прифативте. Дали овој со одложено дејство кога Македонија ќе биде членка на ЕУ или избори на есен па гаранции“, дециден е Мицкоски.
Тој додаде дека кога ќе го слушне тоа, одма истиот ден ќе иницира лидерска или тимска средба.
„Ако ја погледаме вистината во очи ќе дојдеме до заклучок дека тие не може да испорачаат, тие немаат 80 пратеници со конвенционални методи помина една година гледаме дека нема, па малку и повеќе од конвенционални, во некои моменти се поминува и рубиконот но еве да речеме дека е во рамките на конвенционалноста“, изјави Мицкоски.
Тој потенцираше дека власта нема 80 пратеници што значи дека нивната политика пропаѓа.
„Е кога сме до тоа од она што тие го прифатија, можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ такво нешто нема да прифати, нити јас, нити пак пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, односно предлог кој што се темели на бугарскиот диктат. И почна онаа голгота имаме 2/3, немаме 2/3, вакви пратеници, такви пратеници“, истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија е заглавена кон полноправно членство за ЕУ, а за тоа е виновна власта.
Тој посочи дека граѓаните многу дадоа за тоа членство, започнувајќи од знамето до насилното менување на Уставот и промена на уставното име, кое што денеска никој не го користи освен власта и ДУИ.
„ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија вели ние сме проактивни, ние диктати не прифаќаме, но свесни апсолутно за процесите, свесни за иднината на Македонија и народот, и граѓаните во оваа држава сме конструктивни и сме проактивни и нудиме континуирано решение кое што не го задираат идентитетот и кои што не се понижувачки“, појасни Мицкоски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не ја црпи моќта од персиските килими во Брисел, и затоа нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, потенцирајќи дека СДС тоа што ветувале пред други сега не може да испорачаат.
Мицкоски посочи дека поминаа деветнаесет дена од кога од власта рекоа дека се готови уставните измени и ако имаа 80 пратеници, се поставува прашање зошто чекаат, што е тоа што го чекаат?
– Чекаат која од двете опции им ги дадов да изберат? Чекаат да седнеме да преговараме? Нема да седнеме додека не изберат, седнавме, имаат две понуди на маса и нека изберат врз основа на што да преговараме. Двете опции ги обединува националното единство. Немаат две третини и затоа се нервозни се закануваат, навредуваат, лажат затоа ги активираа сите полноглавци, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека сега на СДС им паѓа целата политика и тие пред кои ветиле, сега им викаат дека не може да испорачаат, а година дена ги штитат, им ја држат владата година дена, а не знаат да испорачаат.
– Пред една година на собирот пред платото пред Владата на 18 јуни кажав јасно кажав дека под овие услови, под овој диктат, додека сум јас претседател, измени нема да прифатиме. Не знам колку сериозно го сфатија тоа и тие и тие кои со нив се договараа. Тие со кого се договараат имаат одговорност, требало да проценат со кого се договараат, но не успеале тоа да го препознаат и не заглавиле сите. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме дел од проблемот, но сега бараме решение: немој да мислите дека тоа не го цени народот. Тоа народот го цени, ние не ја црпиме моќта, авторитетот од црвените дебели персиски килими во Брисел, ние од народот ја црпиме моќта и на народот се потпираме. Тогаш кажав дека нема и сега стојам на тоа дека нема, нагласи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека пратеничката група сите 44 пратеници се браната која нема да дозволи да помине бугарскиот диктат бидејќи со вакви услови Македонија има нејасна иднина, затоа се потребни гаранции без оглед што Маричиќ најави дека ќе разговараат со секој поединечно.