Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се залага за датум за преговори, граѓаните да не бидат заложници на неспособната влада

/ 10.06.2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на емисијата Топ Тема на телевизија Телма истакна дека опозицијата се залага Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.

Тој посочи дека граѓаните не треба да бидат жртви и заложници на неспособната власт, односно дека тие заслужуваат да бидат дел од Европската Унија.

-Јас бев сега во Берлин, имав сериозни средби, наша делегација беше во Брисел. Нашиот став е многу јасен, немојте да ги казнувате граѓаните затоа што се овие неспособни, овие повторно ќе бидат неспособни. Но граѓаните, има луѓе кои што знаат како да работат, се домаќини луѓе кои што заслужуваат да бидат дел, бидејќи веруваат во тие Европски вредности, веруваат во тие вредности кои што сакаат да бидат дел од нивниот живот. Оставете ги овие политички манипуланти, клиентелист, материјалист. Тие се задоволуваат со неколку обожаватели кои тапкаат по рамо и им велат шефе најдобар си. Ние функционираме поинаку, граѓаните го заслужуваат тоа и ние го побаравме тоа од нашите пријатели, вели Мицкоски.


Од истата категорија