Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на општина Ѓорче Петров.
Тој во рамки на кампањата „Обнова на Македонија“ оствари средби и разговори со голем број на граѓани.
-На граѓаните ќе им порачам дека и покрај сите овие порази, неуспеси што се случуваат во овие три години од власт Зоран Заев и СДСМ, го гледавте вчера како шета и гази дебели, црвени персијански килими во Бакингемска палата и се симна овде во реалноста, во Волково каде што уште еднаш се обиде да ги изманипулира и лаже жителите на Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија дека еве они работеле, они блескале, ќе се изречам со речникот на Зоран Заев. Но за жал реалноста не е како што се оние црвени дебели персиски килими во Бакингемска палата, туку овде луѓето живеат, мизеруваат и во 21 век ги немаат основните услови за живот, немаат канализација, немаат пристојно снабдување со вода до своите домови, така што можеше да ја види реалноста која што ќе ја остави позади себе на 12 април. Но ќе повторам ВМРО-ДПМНЕ е тука, ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги охрабри граѓаните да не ја губат надежта, да не ја губат вербата затоа што најдобрите времиња за Македонија и за граѓаните на Македонија допрва доаѓаат. Она кое што можам да го ветам не само овде во Ѓорче, туку секаде онаму каде што ги посетивме оние градови, села за време на овие теренски активности под мотото „Обнова на Македонија“ е дека ВМРО-ДПМНЕ има план, ВМРО-ДПМНЕ знае каде ќе оди Македонија во следните години и ВМРО-ДПМНЕ знае да направи успешна Македонија, затоа ве молам не ја губете надежта, ова несреќна епизода наречена СДСМ и Зоран Заев завршува на 12 април 2020, најдоброто допрва доаѓа за Македонија и граѓаните на Македонија, порача Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање за влегување на полицијата во фирмите на Орце Камчев, Мицкоски истакна:
-„Партијата нема должничко доверителски односи со компаниите кои што беа споменати денеска во медиумите. Претпоставувам дека ова е дел од начинот на функционирање на СДСМ, Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите. Но месеци не делат од изборите свесни се и исплашени се од поразот, единствен начин како тој пораз да го ублажат според нив е на ваков насилен и брутален начин да го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за нешто што ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е виновно. Напротив туку тоа е еден нормален начин на реализирање на активности за време на кампања без разлика дали станува збор за претседателски, парламентарни избори или пак локални избори. Ќе ве потсетам партијата ВМРО-ДПМНЕ во овој момент има се уште замрзнат имот, нелегално замрзнат имот и како резултат на случај кој што поткренал обвинение после рокот. На начин на кој што е пренесен тој случај од онаа лулка на корупцијата наречена СЈО во ЈО каде што седат слугите на Заев и каде што ние до ден денеска имаме замрзнат имот и како политичка партија не можеме нормално и пристојно да функционираме. Ни на тој начин и со замрзнат имот, и со измислени акции и со навреди, и со клевети и со сето она кое што следува најпрвин на 3-ти јануари и потоа на 12-ти април Зоран Заев, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и останатите ќе се соочат со вистинската вистина, а тоа е огромен пораз кој што следува на предвремените парламентарни избори. Они нека продолжат, нека монтираат, нека измислуваат, нека притискаат, нека не ја говорат вистината. ВМРО-ДПМНЕ е со народот. ВМРО-ДПМНЕ е во народот. И ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник и историски победник на предвремените парламентарни избори на 12-ти април. Но ќе ја искористам и оваа прилика еве од овде од вмровско Ѓорче да им порачам дека на 13-ти доаѓа и одговорноста. Има да одговараат за сето она кое што го направија во овие три години, но со вистински докази и со транспарентни судски процеси. Не вакви шверцерски какви што они ги прават. Така што тука сме тепајте, лажете, измислувајте, викајте ние ќе издржиме и ќе ве победиме вакви какви што сме, а после 13 бидете подготвени за одговорност“.