Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на скопско Лисиче каде имаше средба со граѓаните на ова населено место, објавија од неговата партија.
-Во патриотско Лисиче, и средба каде говориме за нашата борба за правда, за честитост и достоинство.
За подобар живот и победа над оваа неправедна и однародена власт.
За Македонија и нејзината иднина, стои во Фејсбук статусот на Мицкоски.
Мицкоски вечерва оствари средба и со граѓани во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром.
-Незадоволни се лекарите затоа што не ја добија платата од 100 илјади денари кои власта им ја ветуваше, незадоволни се таксистите чии горива постојано растат, стопанствениците кои се мета на рекет од власта и мора да плаќаат зголемени даноци, истакна Мицкоски.
Мицкоски на средбата со граѓаните го спомна и проблемот на општина Аеродром каде на граѓаните им се ветуваше мораториуми на градбите, а на само десетина метри од Владата никнува бетонска повеќе катница и огромна зграда. Сето ова покажува дека се работи за матни зделки со кои власта ги полни џебовите, истакна Мицкоски.
При посетата во Аеродром Мицкоски истакна дека секаде владее класична лага којашто и се случува на Република Македонија, на македонскиот народ, на македонската нација, но и на сите граѓани
Тој додаде дека претседателските избори се првиот чекор на пад на оваа власт и дека тие се чекорот до конечна смена на централната власт.
-Да се избориме за правда, за честитост, за подобра и силна Македонија. Аеродром тоа го може, порача Мицкоски.