Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во Миравци, Гевгелија.

-Се повеќе граѓани се исправаат над неправдите, се противат на тешкото време кое го донесе оваа власт. Не е сеедно каква одлука ќе донесете, од таа одлука зависи заедничката иднина. Или ќе прифатите во ваше име да одлучуваат неспособни политичари од власта кои се однесуваат неодговорно кон заедничките судбини или ќе поддржите опција која ќе донесе правда, која ќе биде вашиот глас во политиката. Гордана е тој избор, честит и стаменит човек, жена со кредибилитет и визија за нашата татковина Република Македонија, посочи тој.