Остварив средба со жителите на преубавото Пештани. Овие луѓе велат дека се заборавени и од градската управа и од централната власт, а овде се живее само неколку месеци во текот на летото. Во останатите нема живот. Се повеќе луѓе се иселуваат во странство, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.