Денеска сме овде во Прилеп на овој голем христијански празник Благовец каде што православните христијани чествуваат, слават именден на сите они кои што денеска им е именден им посакувам вечно име многу здравје, среќа, успеси за нив, за нивните семејства се разбира, но и на сите оние православни верници кои што денеска го слават овој ден би сакал да им го честитам и да им посакам многу здравје, среќа, бериќет и успеси на нив и на нивните семејства, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп и додаде:
„Тоа што можам да го кажам е дека каде и да одиме се чувствува победничка атмосфера во Република Македонија, насекаде ја чувствуваме енергијата на нашите сограѓани дека иден претседател на Република Македонија е проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и ќе му оставиме можност на претседателот на Владата господинот Заев еднаш да си го одржи зборот и да распише предвремени парламентарни избори. Вчера бев сведок на еден нервозен реалити стенд ап настан на претседателот на Владата господинот Заев, бидејќи и тој е свесен дека ситуацијата не е онаа иста како што беше пред две три години кога успеваше на помалку комичен начин со своите лаги да разговара со граѓаните во Република Македонија.“
-Но, годините потоа граѓаните на Република Македонија видоа со каков човек имаат работа дека станува збор за човек кој што освен распродажба на националното достоинство, националната чест се служи многу со лаги иманипулации и тоа е насекаде очигледно, потенцираше Мицкоски.
Ја пропушти можноста во Битола да се извини за сите оние неправди кои што СДСМ во минатото од времето на транзицијата им ги приреди на Битолчани. Се надевам дека во деновите кои што следат ќе успее да собери малку храброст и доблест и да им се извини на граѓаните во Република Македонија за сите оние лаги и неправди кои што им се случија изминатите две години, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е меѓу граѓаните разговара и сето она кое што го слушаме од граѓаните ќе дадеме се од себе да на следните парламентарни избори ја подготвиме најобемната и програма која што има најголем број решенија за реалните проблеми на нашите граѓани.
Но, најпрвин ајде заедно со најголемата коалиција во Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот да победиме на 21 април и на 5 мај па дури потоа ќе му думаме како и кога ќе бидат предвремените парламентарни избори, подвлече Мицкоски и заклучи:
„Долгата приказна накратко Зоран Заев е нервозен, Зоран Заев и неговиот деспотски избран кандидат знаат дека ја немаат довербата кај граѓаните, се заканува, препелка, уценува, притиска, ги користи безмилосно државните ресурси, но и сето тоа му е попусто, сите нив на купче народот заедно со опозицијата ќе го порази на 21- април а потоа тоа ќе го потврдиме и на 5 мај.“