„За два дена од денеска во среда одлучуваме за тоа каква иднина ќе имаат вашите семејства, вашите сограѓани, а потоа нашата заедничка татковина Македонија. Ве молам немојте да заборавите дека во среда, за два дена од денеска носите одлука за тоа каква иднина во Македонија ќе има вашето семејство, ова е лична одлука и немојте да дозволите било кој на било каков начин да влијае врз таа ваша одлука“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип.
Претседателот Мицкоски истакна дека народот е подготвен да и посака добредојде на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, а после 8 мај народот е подготвен да посака добредојде на новата влада на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа победа во среда треба да биде историски голема. Историјата која ја започнавме да ја пишуваме пред нешто повеќе од 2 години, 2 и половина години на локалните избори во 2021 година кога за прв пат во Македонија од позиција на опозиција некоја политичка партија освои мнозинство градоначалници треба да ја завршиме со точка на 8 мај кога за прв пат во историјата на Македонија една коалиција како што е коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство пратеници во македонскиот парламент“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски истакна дека мнозинството во парламентот е потребно за стабилна влада која ќе спроведе трансформација во Македонија и која ќе обезбеди стабилна и предвидлива иднина за вашите семејства. Вашиот глас за два дена од денеска е глас личен ваш за иднината на вашите семејства.
„Ве замолувам за два дена од денес да излезете масовно, да се обедините околу столбот на македонскиот идентитет и иднина на Македонија тоа е ВМРО-ДПМНЕ коалицијата „Твоја Македонија“ и да ја поддржите идната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова да го заокружите бројот 2, а на 8 мај сите заедно, сложно, обединето да се обединиме околу Македонија, да го заокружиме бројот 2 да и посакаме добредојде на Гордана Силјановска Давкова како иден претседател на Македонија и да ја поздравиме владата на слободна Македонија формирана од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Мицкоски.